Европската комисија (ЕК) во вторникот ја потврди пролетната проценка дека македонската економија во 2013 година ќе оствари раст од 2,1 отсто. Во есенскиот извештај на ЕК, во кој покрај прогнозите за целата Европска унија и еврозоната, се изнесуваат предвидувања и за секоја држава членка, како и за државите кои имаат статус кандидат за членство во Унијата. Според прогнозите на ЕК, Македонија во наредната година треба да оствари раст од 2,5 отсто, а во 2015 година растот се очекува да достигне. Ек очекува инвестициите да бидат главен двигател на растот на македонската економија. Во делот за невработеноста, искажано е очекување стапката на невработеност во Македонија до 2015 година да падне на 28 отсто од 32 отсто во 2010 година.
Европската комисија (ЕК) во вторникот ја потврди пролетната проценка дека македонската економија во 2013 година ќе оствари раст од 2,1 отсто.
Во есенскиот извештај на ЕК, во кој покрај прогнозите за целата Европска унија и еврозоната, се изнесуваат предвидувања и за секоја држава членка, како и за државите кои имаат статус кандидат за членство во Унијата.
Според прогнозите на ЕК, Македонија во наредната година треба да оствари раст од 2,5 отсто, а во 2015 година растот се очекува да достигне.
Ек очекува инвестициите да бидат главен двигател на растот на македонската економија.
Во делот за невработеноста, искажано е очекување стапката на невработеност во Македонија до 2015 година да падне на 28 отсто од 32 отсто во 2010 година.
Европската комисија предупредува дека јавниот на централната влада и понатаму ќе расте, од 25,8 отсто во 2010 година, се очекува на крајот од 2013 да достигне 36,1 отсто, а во 2015 година да се искачи на 39,4 отсто од БДП.
Буџетскиот дефицит на Македонија годинава се очекува да се намали на 3,7 отсто, а во 2015 година да се спушти на 3,3 отсто од БДП.
Трговскиот дефицит се очекува да се намали годинава поради растот на извозот, но се предвидува повторно да се прошири за две години, кога се очекува раст на увозот ако последица на силната инвестициска динамика.